• сабота, 23 ноември 2024

Лазарини: Половина од зградите на Агенцијата на ОН во Газа се урнати

Лазарини: Половина од зградите на Агенцијата на ОН во Газа се урнати

Каиро, 8 јули 2024 (МИА) - Шефот на главната агенција на ОН која обезбедува помош за Газа, Филип Лазарини, денеска објави дека половина од зградите таму биле уништени за време на војната меѓу Израел и Хамас.

Тој, исто така, рече дека повеќе од 500 луѓе биле убиени во нападите врз тие објекти, вклучувајќи вработени и раселени Палестинци кои се засолниле таму.

Лазарини, генерален комесар на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), ова го изјави на прес-конференција со египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати, кој ја повтори поддршката на Египет за агенцијата.

Израел ја обвини УНРВА дека соработува со Хамас и другите вооружени сили во Газа и дека само ја продолжува повеќедецениската палестинска бегалска криза, што агенцијата силно го негира.

УНРВА обезбедува основни услуги за милиони палестински бегалци од војната во 1948 година, која избувна по формирањето на Израел, и им помага на нивните потомци, кои го сочинуваат мнозинството жители на Газа. паг/

Фото: МИА архива


 
 

 

Остани поврзан