• понеделник, 23 декември 2024

Лазарини: Газа е пеколот на земјата 

Лазарини: Газа е пеколот на земјата 

Газа, 12 декември 2023 (МИА) - Шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини, денеска изјави дека Појасот Газа е „пекол на земјата“, откако ја посети оваа палестинска територија која два месеца се наоѓа под интензивен ракетен напад од израелската армија.

„Враќање во Газа, трагедијата е се полоша и полоша. Луѓето се насекаде, живеат на улица, сè им недостасува. Молат да бидат донесени на безбедно и за крајот на овој пекол на земјата. Го бараме невозможното од нашите колеги, во оваа невозможна ситуација“, напиша Лазарини на платформата Х.

Војната меѓу Израел и палестински Хамас, кој владее со Газа, трае веќе 67 дена.

Генералното собрание на ОН денеска гласа за необврзувачка резолуција за „итен хуманитарен прекин на огнот“, откако слична резолуција не беше усвоена минатата недела во Советот за безбедност.

Нацрт-резолуцијата повикува на заштита на цивилите, пристап до хуманитарна помош и итно и безусловно ослободување на заложниците однесени во Појасот Газа на 7 октомври, на првиот ден од војната, кога палестинските екстремисти, предводени од Хамас, го нападнаа јужниот дел на Израел.

Како што се оценува, во овој документ најмногу се повторува напишаното во резолуцијата која не е усвоена поради ветото на САД, постојана членка на Советот за безбедност и сојузник на Израел. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан