• недела, 28 јули 2024

Лазаревски без пласман во слалом на Европската зимска младинска олимпијада

Лазаревски без пласман во слалом на Европската зимска младинска олимпијада
Вуокати, 22 март 2022 (МИА) – Младиот македонски алпски скијач, Мирко Лазаревски, не успеа денеска да ја заврши слаломската трка на Европската зимска младинска олимпијада во финскиот центар Вуокати. Лазаревски ќе има уште една шанса во трката во велеслалом која е на програмата утре. Од тричлената македoнска експедиција во Вуокати прва вчера настапи Михаела Даноска, која трката во крос кантри ја заврши на 63. место во конкуренција на 64. учеснички. Својот настап на младинската олимпијада во Финска го очекува и Јана Куковска во уметничко лизгање. ег/ар/

Остани поврзан