• сабота, 23 ноември 2024

Лажни пријавите за поставени експлозивни направи во 120 скопски училишта

Лажни пријавите за поставени експлозивни направи во 120 скопски училишта

Скопје, 1 март 2023 (МИА) - По сите направени проверки во врска со денешните пријави за наводно поставена експлозивна направа во 120 училишта во Скопје е утврдено дека станува збор за лажни дојави, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.

- Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се наведува во соопштението.

Изминативе денови на електронските адреси на повеќе основни и средни училишта во Скопје и во Прилеп пристигнаа закани за поставени експлозивни направи, поради што Министерството за образование и наука предложи во оние училишта каде има дојави за бомби наставата да се спроведува онлајн. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан