Лагард: На светот му треба САД да го поддржуваатмултилатерализмот
- Претседателката на Европска централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард денеска изјави дека на светот му се потребни САД кои го поддржуваат мултилатерализмот

Вашингтон, 1 декември 2020 (МИА) - Претседателката на Европска централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард денеска изјави дека на светот му се потребни САД кои го поддржуваат мултилатерализмот.
- Ако глобално големите економски играчи не играат по исти правила, тогаш тоа е голем проблем, посочи Лагард.
Таа како клучни фактори за надминување на актуелната криза предизвикана од пандемијата со Ковид-19 ги истакна брзото реагирање на државите, масовноста на пакетите за економска поддршка и координација на фискалните и монетарните мерки.
- Поучени од кризата во 2008 година, сфативме дека не треба да чекаме, туку брзо и силно да реагираме, бидејчи дека фискалните и монетарните мерки, особено во криза, треба да одат рака под рака, истакна Лагард. ми/