• понеделник, 23 декември 2024

Лавров. Русија ги разгледува предлозите од Африка и Латинска Америка за решавање на укранската криза

Лавров. Русија ги разгледува предлозите од Африка и Латинска Америка за решавање на укранската криза

Москва, 17 мај 2023 (МИА) - Русија е подготвена да ги разгледа предлозите од африканските и латиноамериканските земји за решавање на украинската криза, додека Западот инсистира само на планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

По разговорот со шефот на белоруската дипломатија, Сергеј Алејник, Лавров изјави дека има мировни иницијативи од Бразил и Јужна Африка, пренесе Тасс.

-Одговоривме на апелите што ни беа испратени од Латинска Америка и африканските пријатели дека сме подготвени да разгледаме секој нивен предлог, но досега освен Кина, ниту Бразил, ниту Јужна Африка не доставија никаков план на хартија, рече Лавров.

Шефот на руската дипломатија додаде дека западните земји инсистираат дека се подготвени да го разгледаат само мировниот план на Зеленски за решавање на војната во Украина и дека нема да прифатат никакви иницијативи за кои Москва е подготвена да разговара.

-Европа не се обидува да го скрие својот став кон кинеската мировна иницијатива за Украина, нејзиниот став е ист како и Вашингтон: да не се разговара за тоа што и одговара на Русија, рече Лавров, пренесен од Тасс.

Тој додаде дека единствениот план што Западот ќе го поддржи е „планот од десет точки на Зеленски“.

Јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса вчера изјави дека претседателите на Русија и Украина се договориле да разговараат за планот за ставање крај на војната во Украина со делегација на африкански шефови на држави на одделни состаноци, пренесоа американските медиуми. сд/

 

Остани поврзан