• вторник, 24 декември 2024

Лавров: Русија прави сè за безбедноста на мисијата на МААЕ во нуклеарката Запорожје

Лавров: Русија прави сè за безбедноста на мисијата на МААЕ во нуклеарката Запорожје
Москва, 1 септември 2022 (МИА) - Русија прави сè што е во нејзина моќ за безбедноста на мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во нуклеарката Запорожје, соопшти денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, јави Тасс. - Инсистиравме мисијата да има балистички експерти. Па така се надеваме дека ќе научиме нешто. Поточно, знаеме сè, но се надеваме дека и меѓународната заедница ќе ја искористи оваа шанса, додаде тој на состанок со студенти и професори на Московскиот државен институт за меѓународни односи. Тој потсети на извештаите од руската армија за обидот изутринава да се симнат украински диверзанти близу нуклеарната електрана Запорожје, што е неутрализиран. - Нашата војска соопшти дека група саботерите се неутрализирани. Мислам дека тоа е навистина висока цена за меѓународната заедница да ја дознае вистината, но доколку Украина сака тоа да го постигне на овој начин и да покаже што е тоа, тогаш само се надевам дека тоа нема да доведе до некаква катастрофа, нагласи Лавров. Како што истакна тој, Русија сака објективност и оти мисијата на МААЕ „ќе ги открие сите траги што ги остави украинското гранатирање“. бд/сд/

Остани поврзан