• вторник, 24 декември 2024

Лавров повикува на проширување на Советот за безбедност на ОН

Лавров повикува на проширување на Советот за безбедност на ОН

Москва, 30 јуни 2023 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров повика на проширување на Советот за безбедност на ОН за да им се дадат повеќе претставници на азиските, африканските и латиноамериканските земји и да се стави крај на, како што ја нарече, западната доминација во светот.

- Поголемиот дел од светот не сака да живее според западните правила, изјави денеска Лавров.

Тој ги повтори и обвинувањата на Москва дека Западот, особено САД, се обидува да ги спречи Русија и Кина да дејствуваат независно во мултиполарен свет. мс/ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан