• петок, 21 февруари 2025

Лавров и Ји разговараа за односите со САД и за Украина

Лавров и Ји разговараа за односите со САД и за Украина

Јоханесбург, 20 февруари 2025 (МИА) – Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска имаше средба со својот кинески колега Ванг Ји на која двајцата дипломати разговараа за широк спектар теми, вклучувајќи ги  и односите со САД и конфликтот во Украина, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Британските медиуми пренесуваат дека средбата се одржа на маргините на министерскиот состанок на Г-20 во Јужна Африка.

„Учесниците го пофалија развојот на политичкиот дијалог и практичната интеракција меѓу Русија и Кина како стабилизирачки фактор во контекст на континуираните турбуленции во глобалниот систем“, соопшти руското Министерство.

Руските медиуми претходно јавија дека Лавров најавил дека многу скоро ќе има негова следна средба со Ванг Ји во Москва.

Кон крајот на јануари, рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг разговараа за тоа како да се изградат врски со американскиот претседател Доналд Трамп, заедно со изгледите за мировен договор за ставање крај на војната во Украина и силната поддршка на Москва за ставот на Пекинг кон Тајван.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан