• сабота, 23 ноември 2024

Кјелини продолжува во Лос Анџелес

Кјелини продолжува во Лос Анџелес
Њујорк, 2 јуни 2022 (МИА) – Откако минатиот месец го одигра последниот натпревар во дресот на Јувентус и објави дека по 18 години ја напушта Старата дама, 37-годишниот Џорџо Кјелини одлучи кариерата да ја продолжи во американската МЛС лига и да потпише договор со Лос Анџелес, јави телевизијата ЕСПН. Според истиот извор, се очекува во следните неколку денови Кјелини официјално да стави потпис на соработката со американскиот прволигаш, а подоцна во текот на јуни да ѝ се приклучи на екипата, која во моментов е водечка во Западната конференција во МЛС лигата со пет бодови предност пред второпласираниот Далас. Кјелини го носеше дресот на Јувентус од 2004 година и со торинскиот клуб освои девет италијански титули и пет трофеи во националниот куп. Според бројот на настапи за Јувентус е трет на вечната листа зад Алесандро Дел Пјеро и Џанлуиџи Буфон. ег/ми/

Остани поврзан