• понеделник, 23 декември 2024

Куќа налик замок која чини 17,5 милиони фунти

Куќа налик замок која чини 17,5 милиони фунти
Лондон, 2 септември 2021 (МИА) - Оние кои сакаат да живеат како кралско семејство, а имаат пари да си го дозволат тоа, сега можат да купат луксузна палата во Лондон. Имотот, наречен „Ловечка куќа“, неодоливо потсеќа на замок и се наоѓа во населбата Белсајз. Изграден е 1810 година, по идеја на архитектот Џозеф Паркинсон, а неодамна беше и реновирана, па сега има нови простории и цел додаден кат. Оваа луксузна куќа има четири ката и зафаќа површина од над 700 квадратни метри. Дел од имотот е библиотека, а има и шест спални соби. Во подрумот има голем затворен базен, просторија за забава, вежбалница, сауна, соба за одмор, па и кино. Горе има градина со горно и долно ниво, и секоја нуди пристап до надворешните градини свртени кон југ. За љубителите на вино, има и добро опремена визба, како и посебна просторија за дегустација. На погорните катови се дневната соба, канцеларија, соба за цртање и други простории за дневен престој. Цената на имотот е 17,5 милиони фунти.  си/

Остани поврзан