Курц: Северен поток 2 ја подобрува енергетската безбедност на Европа
- Австрија е убедена дека Северен поток 2 обезбедува модерна рута за снабдување со гас во Европа, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц

Виена, 4 јуни 2021 (МИА) - Австрија е убедена дека Северен поток 2 обезбедува модерна рута за снабдување со гас во Европа, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц.
- Австрија гледа на Северен тек 2 како на одлична можност за подобрување на енергетската безбедност на Европа, рече тој на економскиот форум во Санкт Петербург. ссм/