• сабота, 23 ноември 2024

Курц: Необединетоста во надворешната политика ја ослабува ЕУ

Курц: Необединетоста во надворешната политика ја ослабува ЕУ
Брисел, 25 јуни 2021 (МИА) - Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска изрази загриженост за „длабоките поделби во Европската унија“, по повод разговорите што беа одржани на самитот на ЕУ за Русија и за законите за ЛГБТ заедницата во Унгарија. Тој рече дека не е проблем ако има различни ставови за внатрешно-политички теми, но би било проблем во надворешната политика. -  Ако не сме обединети во надворешната политика, тогаш тоа е лошо. Тоа ја ослабува ЕУ, нагласи Курц. Во однос на Русија, тој изрази разочарување што нема храбра одлука. - Неопходна е стратегија на ЕУ кон Русија. ЕУ не може да чека ако се сретнат американскиот и рускиот претседател. ЕУ е непосреден географски сосед на Русија, рече Курц. паг/

Тагови

Остани поврзан