• понеделник, 23 декември 2024

Куртоа нема намера да се враќа во репрезентацијата

Куртоа нема намера да се враќа во репрезентацијата

Брисел, 14 ноември 2024 (МИА) - Тибо Куртоа, голманот на Реал Мадрид, се уште не сака да се врати во белгиската репрезентација.

Питер Вилемс, извршниот директор на белгиската фудбалска федерација, отпатува во Мадрид за да се обиде да го убеди голманот повторно да застане на голот на Белгија.

Сепак, голманот на Реал останал цврст на својот став. Тој одбива да се врати се додека тренер е Доменико Тедеско.

Куртоа го пропушти Евро 2024 поради несогласувања со германскиот стручњак, а неговиот последен натпревар за Белгија беше во 2022 година.

Поради повреда на мускулот ги пропушти и последните четири натпревари за Реал.

Во последните две кола од овогодинешната Лига на нации, Белгија на домашен терен вечерва ќе игра против Италија, додека во недела ќе гостува кај Израел. дс

Фото: Архива

Остани поврзан