Куртоа: Играчите на Реал Мадрид се 100 проценти зад Алонсо
- Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, го поддржа тренер Чаби Алонсо по поразот (1:2) синоќа од Манчестер сити во 6. коло од Лигата на шампионите.
Мадрид, 11 декември 2025 (МИА) - Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, го поддржа тренер Чаби Алонсо по поразот (1:2) синоќа од Манчестер сити во 6. коло од Лигата на шампионите.
- Првиот гол беше примен поради моја грешка. Не го гледавме овој натпревар како тест за Чаби Алонсо. Го поддржуваме тренерот. Ние сме 100 проценти зад него, а тоа беше очигледно и на теренот, изјави Куртоа за „Фудбал Еспања“.
Алонсо го презеде Реал Мадрид летото. Под негово водство, тимот одигра 28 натпревари и оствари 19 победи, 4 нерешени и 5 порази.
Реал Мадрид има 12 бода и е на 7. место во вкупниот пласман во Лигата на шампионите.
Во Ла Лига, мадридскиот тим е на второто место, четири бода зад лидерот Барселона. зс/
Фото: ЕПА