• сабота, 28 декември 2024

Курти: Проблемите на Балканот доаѓаат од Белград и неговата поврзаност со Русија

Курти: Проблемите на Балканот доаѓаат од Белград и неговата поврзаност со Русија

Приштина, 27 мај 2022 (МИА) – Косвскиот премиер Албин Курти изјави дека на неговите средби со официјалните лица за време на престојот во Соединетите Американски Држави, меѓу другото, рзговарал за проблемите со кои моментно се соочува Балканот, а кои, според него, потекнуваат единствено од Србија, како сојузник на Руската Федерација, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Курти, балканскиот регион е загрозен единствено од Белград, „а сега и од неговите тесни врски ... со Руската Федерација и нејзината неоправдана, незаконита и неиспровоцирана агресија врз Украина“.

Во краткото обраќање пред новинарите по 20-дневниот престој во САД и подоцнешното учество на Економскиот форум во Давос, Швајцарија, косовскиот премиер рече дека неговите средби со американски бизнисмени и официјални лица биле во функција на привлекување инвестиции во Косово и на безбедноста на државата.

- Имав две главни цели при оваа посета на САД: Првата беше инвестирањето во Косово, а втората беше безбедноста на Косово. Наголемиот дел од средбите ги имав со разни компании, кои ги запознав со прогресот на Косово и можностите за инвестирање. Второ беше прашањето на безбедноста на Косово, во светтлината на проблемите кои ги имаме на Балканот, а тие проблеми извираат единствено од официјален Белград, а сега и од неговите тесни врски со една држава која е во војна, односно со Руската Федерација и нејзината неоправдана, незаконита и неиспровоцирана агресија врз Украина, рече Курти.

Тој информира дека во САД побарал поддршка за зачленување на неговата држава во Советот на Европа, како и во програмата „Партнерство за мир“, како „прв и мошне значаен чекор за зачленување во НАТО“.

Во врска со косовско-српскиот дијалог за нормализирање на односите меѓу двете држави, Курти рече дека, за да се постигне напредок во тој правец потребно е „Белград да се промени“ за да се дојде до конечно решение со меѓуебно признавање на двете држави.

- Значи, треба Белград да се промени и дијалогот да резултира со законски обврзувачки договор за целосно нормализирање на односите, при што централно место ќе има меѓуебното признавање“, изјави Курти. иа/

Остани поврзан