• вторник, 25 март 2025

Куп на ЕХФ: Алкалоид ремизираше против Минаур Баја Маре

Куп на ЕХФ: Алкалоид ремизираше против Минаур Баја Маре

Баја Маре, 23 март 2025 (МИА) - Ракометниот клуб Алкалоид ремизираше со РК Минаур Баја Маре од Романија со 31:31 (19:15) во меч во рамки на Европскиот Куп на ЕХФ. 

Резултатот се чини одличен пред реваншот во Скопје, каде се очекува македонскиот тим да триумфира и да обезбеди пласман меѓу најдобрите четири во Европскиот куп.

Први стрелци на мечот беа Мартин Серафимов и Александар Петковски со по седум гола. 

Реваншот од четвртфиналето се игра на 30 март во „Автокоманда“.

На натпреварот во Романија со едноминутно молчење им се оддаде почит на жртвите во трагедијата во Кочани. дс

Фото: Фејсбук/РК Алкалоид

Остани поврзан