• недела, 25 август 2024

Купер нов тренер на Лестер

Купер нов тренер на Лестер

Лондон, 20 јуни 2024 (МИА) - Лестер сити го назначи Велшанецот Стив Купер за нов тренер, објавија денес британските медиуми.

Договорот со 44-годишниот фудбалски стручњак е до летото 2027 година.

Последната работа на Купер беше во Нотингем Форест, кој го напушти во декември минатата година. Пред ова, Купер ги тренираше Свонси и јуниорскиот тим на Англија.

Лестер минатата сезона победи во Чемпионшип и се врати во Премиер лигата. 

Тимот постигна промоција во Премиер лигата под водство на Енцо Мареска, кој премина во Челзи. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан