• недела, 22 декември 2024

Куомо и покрај бурата заминува од функцијата

Куомо и покрај бурата заминува од функцијата
Вашингтон, 23 август 2021 (МИА) – Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо потврди дека утре ја напушта функцијата, но ги повика членовите на неговиот тим за управување со вонредни ситуации да останат на работните места се додека не помине кризата со тропската бура Хенри. Тој изјави дека е во постојана комуникација со неговата заменичка Кејти Хочул. Куомо претходно поднесе остака поради повеќе обвиненија за сексуално возменирување. На негово место доаѓа 62-годишната Хочул, демократ и поранешна членка на Конгресот во Бафало. Таа ќе биде 57. гувернерка на државата Њујорк и прва жена на таа функција. mi/

Остани поврзан