• сабота, 16 ноември 2024

Куман сака да ја предводи Холандија на Светското во 2026 година

Куман сака да ја предводи Холандија на Светското во 2026 година

Дортмунд, 9 јули 2024 (МИА) - Селекторот Роналд Куман потврди дека сака да биде на чело на репрезентацијата на Холандија на Светското првенство во 2026 година.

-Во моментов немам други намери. Мислам дека нема да можат да се ослободат од мене во моментов, изјави селекторот со шеговит тон за весникот „Де Телеграф“.

Шеесет и едно годишниот Куман информираше и за здравјето на својата сопруга која се бори со ракот на дојката.

-Нејзиното здравје е добро. Навистина е на лекување, но тоа не е причина да престанам да работам, додаде поранешниот играч на Барселона.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. На Евро 2024, Холандија се пласираше во полуфиналето, каде во среда во Дортмунд ќе се сретне со Англија. дс

Фото: Архива

Остани поврзан