Куман во јануари да потпише централен бек и напаѓач
- ренерот на Барселона, Роналд Куман е убеден во потребата од засилување на составот во јануари, пренесува „Диарио Спорт“.

Барселона, 6 декември 2020 (МИА) – Тренерот на Барселона, Роналд Куман е убеден во потребата од засилување на составот во јануари, пренесува „Диарио Спорт“.
Холанѓанецот сака на „Камп ноу“ да донесе централен дефанзивец и разновиден напаѓач способен да игра на различни позиции во офанзивниот ред.
Куман е уверен дека овие засилувања се неопходни, без оглед на финансиските проблеми на клубот.
Претходно, дефанзивецот Жерар Пике, крилото Усман Дембеле и уште неколку играчи на тимот се надвор од комбинација поради повреди.
Во летниот преоден рок Барселона се обиде да ги купи дефанзивецот на Манчестер сити, Ерик Гарсија и напаѓачот на Лион, Мемфис Депај. зс/