• среда, 01 април 2026

Без голови на полувреме во Даблин

Без голови на полувреме во Даблин

 

Даблин, 31 март 2026 (МИА) – Без голови е на полувремето вечерва на стадионот „Авива“ во Даблин, каде македонската фудбалска репрезентација ѝ гостува на Ирска во натпревар на двете поразени селекции во полуфиналните баражи за пласман на Светското првенство.

Ирска ја имаше почетната иницијатива, но првата посериозна шанса за гол дојде на спротивната страна, кога Келехер го одбрани обидот на Барди од слободен удар во 21 минута.

Во продолжението, од 24 до 26 минута, Ирците два пати се заканија кон македонскиот гол, но Димитриевски најпрво го скроти ударот со глава на Перот, а Азез беше непрецизен од слободен удар.

Завршните пет минути донесоа две изгледни шанси за гол на Ирска, но Перот во 39 минута од десетина метри го префрли голот на Димитриевски, а во 43 минута голот што го постигна беше поништен поради офсајд. ег

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан