• сабота, 23 ноември 2024

Куман: Веќе не се работи за спорт, ги убиваат фудбалерите

Куман: Веќе не се работи за спорт, ги убиваат фудбалерите

Хамбург, 12 јуни 2024 (МИА) - Сè поголемиот број на натпревари во фудбалот го загрижува селекторот на Холандија, Роналд Куман.

-Не се работи секогаш за спортот. Тие ги убиваат фудбалерите изјави 61-годишниот селектор за германскиот весник „Билд“ пред почетокот на Евро 2024.

Куман мисли на проширувањето на Лигата на шампионите следната сезона од 32 на 36 екипи со уште повеќе мечеви во групите, како и зголемување на бројот на учесници на Светското првенство од 32 на 48 селекции во 2026 година.

Следната година треба да се одржи и проширено Светско клупско првенство.

-Или клубовите патуваат во Азија и Америка за да се подготват за сезоната. Тоа е проблем. Наместо да се намалува притисокот врз играчите, тој станува се поголем и поголем, рече холандскиот селктор.

Куман мораше да се справи со тоа што Френки де Јонг, Тун Копмајнерс, Матс Вифер, Мартен де Рун и Квентин Тимбер отпаднаа од составот што тој го избра за Европското првенство.

Селекцијата на Холандија во недела ќе започне со натпревар против Полска во Хамбург. Останатите репрезентации во групата Д со кои ќе се соочат се Франција и Австрија. дс

Фото: Архива

Остани поврзан