Кумановци покажуваат интерес за акцијата за собирање кабаст отпад
- Кумановци имаат можност бесплатно да одложат кабаст отпад на три локации во градот, акцијата ќе трае до четврток, информираа денеска од јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“. Садовите се поставени кај спортска сала, кај кумановската противпожарна единица и кај „Кошеви“. Акцијата за собирање кабаст отпад е прва во тековната година и за разлика од претходните кумановци покажуваат значителен интерес.

Куманово, 19 февруари 2025 (МИА) - Кумановци имаат можност бесплатно да одложат кабаст отпад на три локации во градот, акцијата ќе трае до четврток, информираа денеска од јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“.
Садовите се поставени кај спортска сала, кај кумановската противпожарна единица и кај „Кошеви“. Акцијата за собирање кабаст отпад е прва во тековната година и за разлика од претходните кумановци покажуваат значителен интерес.
- За разлика од претходната година, граѓаните покажуваат интерес за ваквата иницијатива. Акцијата е по насоки дадени од Министерство за животна средина и просторно планирање. Ќе заврши на 22 февруари, така што секој кој има ваков отпад, може да го депонира на овие локации и да одбегне да плаќа за услугата која е предвидена во ценовникот на претпријатието, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Ненад Стојановски.
Самото претпријатие, лани организираше неколку акции за отстранување на кабаст отпад, но интересот беше незначителен. Несовесни граѓани од Куманово постојано исфрлаат фотелји, кревети, гарнитури на несоодветни локации. Често се случува ваквиот отпад да заврши во речното корито. Кумановци, граѓански организации реагираат на ваквата појава која ја загадува животната средина и бараат од инспекциските служби соодветни санкции. Отпадот се депонира на „Краста“ каде соодветно се третира и уништува.
Акции за собирање кабаст отпад ќе се спроведат и наредните месеци сè до април, годинава. ам/сст/
Фото МИА