• петок, 22 ноември 2024

Кумановските инспектори ќе спроведат надзор над работилници

Кумановските инспектори ќе спроведат надзор над работилници

Куманово, 1 февруари 2024 (МИА) - Секторот за инспекциски надзор од Куманово во годишниот план предвидува редовни и вонредни инспекциски надзор на работилниците во градот. И годинава инспекторите ќе постапуваат и по пријави на граѓани. Инспекцијата ќе ги контролира и компаниите.

- Надзорот ќе се спроведе за да увидиме каде завршува отпадното масло. Ќе се проверуваат и автомеханичарски работилници како и досега, вукланизерските работилници каде завршува отпадот од гуми кој често се запалува, изјави раководителот на одделението, Бобан Бојковски.

Во Куманово нема некоја голема загадувачка индустрија. Инспекцијата и лани спроведе повеќе контроли и на една компанија ѝ беше изречена казна по пријава од граѓани кои ја фотографираа и снимаа. Бојковски укажува дека зборот загадувач треба внимателно да се користи, само за оние компании кои при извршено мерење покажуваат надминувања над дозволени граници.

Во однос на пријавите од граѓаните, од кумановската инспекција повикуваат да се достават и податоци за загадувачите.

- Многу е полесно со компаниите, веднаш ги препознаваме. Знам дека е малку невообичаено, но навистина е потешко да лоцирате физичко лице. Ни праќаат слики дека само нешто чади, без какви било други податоци. Надзорот се врши само ако имаме податоци за несовесниот сограѓанин и тогаш почнува постапката. Тешко се осмелуваме да кажеме нечие име и презиме, изјави Бојковски.

Куманово во однос на другите општини има соодветен, но не и доволен број на инспектори. ам/


Фото: МИА

 

Остани поврзан