Кумановската општа болница до крајот на годината ќе добие мамограф
- Кумановската општа болница ќе добие мамограф, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали од плоштадот каде присуствуваше на настан за промоција на вакцинацијата.

Куманово,19 октомври 2022 (МИА) - Кумановската општа болница ќе добие мамограф, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали од плоштадот каде присуствуваше на настан за промоција на вакцинацијата.
- Уште стојам на ветеното дека до крајот на годината мамографот во Куманово ќе стигне, тоа е сигурно. Тоа е поддршка на болницата од страна на Министерството за здравство, во соработка со Светска банка. Тоа се процедури коишто ние мораме да ги запазиме и да ги испочитуваме да се реализира јавната набавка којашто е многу поголема од еден мамограф во Куманово, изјави министерот за МИА.
Тој појасни дека се работи за набавка којашто е испланирана за дванаесет јавни здравствени установи со различни типови опременост, со цел децентрализација на здравствените услуги што ги даваме во Клиничкиот универзитетски центар во Скопје.
