• сабота, 23 ноември 2024

Куманово ја поддржа иницијативата 50 ученици да се тестираат и сертифицираат за глобално признаен сертификат

Куманово ја поддржа иницијативата 50 ученици да се тестираат и сертифицираат за глобално признаен сертификат
Куманово, 23 јуни 2022 (МИА) - Општина Куманово поддржа 50 ученици од основно и средно образование од градот за тестирање и сертифицирање за глобално признаениот сертификат, Microsoft Office Specialist, соопштија денеска надлежните.
По тој повод, учениците и менторите се сретнаа со претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, која ја истакна огромната важност на дигиталната писменост, развојот на компјутерските знаења и вештини, со цел модерно, иновативно и успешно информатичкото општество. - Поддршката за талентираните ученици продолжува и не само во овој сегмент, туку насекаде каде што најдобрите и најуспешните ученици се натпреваруваат и го презентираат Куманово. Тие се наши локални амбасадори. Имаме многу идеи за поддршка на најдобрите ученици. Предлог идеите веќе се разработуваат и ќе бидат ставени на разгледување на некоја од наредните седници. Очекувам поддршка од сите советници, бидејќи талентираните ученици од градот заслужуваат да добијат поддршка, изјави Ѓорѓиевска, претседателката на советот. Општината по четврти пат го поддржува тестирањето на учениците за глобалниот сертификат. ам/ар/

Остани поврзан