• сабота, 23 ноември 2024

Куманово објави конкурс за избор на сувенир на градот

Куманово објави конкурс за избор на сувенир на градот

Куманово, 2 ноември 2023 (МИА) - Општина Куманово објави конкурс за избор на сувенир на градот за 2023 година и ги повика заинтересираните да се пријават на конкурсот. Заинтересираните правни и физички лица, можат да аплицираат за изработка на сувенир кој треба да исполнува повеќе одлики, да е автентичен труд, да содржи елементи на препознатливост, кој ќе го отсликува карактерот на градот, традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово.
Како што наведуваат од секторот за економски развој, општината на овој начин поддржува идеи и автентични трудови.

Сувенирот треба да биде изработен од материјал, големина и боја според замислата на авторот, да се користат стабилни и еколошки прифатливи материјали како што се: керамика, камен, метал, дрво, стакло, глина, гипс, текстил. Рокот за доставување на трудовите е 20 ноември 2023 година.

-Наградата за „Сувенир на општина Куманово“ е една и изнесува 100.000,00 денари без ДДВ и ќе биде поделена на два дела. Триесет илјади денари ќе бидат наменет за добитникот за мотивација за вложениот труд. Вториот дел пак 70.000 денари треба да се искористат за изработка на одредени количини кои општината ги користи при промоција на градот, средби со претставници, соопштија од надлежниот сектор.

Комисија ќе ги оцени пристигнатите трудови. Детални информации можат да се најдат на општинската веб-страница.ам/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан