• недела, 21 јули 2024

Куманово избра превозници за 15 од вкупно 26 линии за градскиот превоз

Куманово избра превозници за 15 од вкупно 26 линии за градскиот превоз
Куманово, 1 февруари 2022 (МИА) - Општина Куманово денеска информираше дека се избрани превозници за 15 од вкупно 26 линии. Според објавеното, избрани се превозници за селата и населбите Черкезе, Бедиње, Долно Којнаре-Горно Којнаре, Лопате, Табановце, Речица, Орашац, Умин Дол-Ново Село-Љубодраг, Скачковце, Студена Бара, Пчиња, Градиште, Пезово, Кшање, Кокошиње, Кучкарево, Габреш и Костурник.
Во соопштението се наведува дека согласно Закон за превоз Општина Куманово е должна да организира општински линиски превоз и дека останатите единаесет линии ќе бидат избрани во наредниот период, по целосното завршување на постапката. - Согласно Закон за основното образование и Закон за средното образование на учениците потребно е да им се обезбеди бесплатен превоз до и од училиште. Избраните линии ќе ги користат учениците, а за линиите кои се во постапка ќе се регулира посебен линиски превоз со што ќе се обезбеди бесплатен превоз за сите ученици, наведуваат од Општина Куманово. Претходно, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски информираше дека за некои линии немало заинтересираност, за некои имало жалбена постапка. Кумановци цел месец беа без превоз. Димитриевски на последната прес-конференција кажа дека  тендерот доцнел поради одржување на изборите, конституирање на Советот, но и новиот концепт на избор на превозници, според кој превозниците требаше да понудат употреба на современи, помодерни возила кои загадуваат помалку, најмалку Еуро 4 стандардите, да организираат поголем број враќања и тргнувања низ распространетата мрежа.ам/бт/

Остани поврзан