• четврток, 26 декември 2024

Куманово избира фирма за изградба на „паметен парк“

Куманово избира фирма за изградба на „паметен парк“
Куманово, 12 јули 2022 (МИА) - Општина Куманово објави оглас за избор на компанија за т.н. „паметен парк“, соопштија денеска надлежните од Општината.
Како што е наведено на веб-страницата на електронскиот систем на јавни набавки, заинтересираните оператори, покрај општите документи барани во тендерската документација, потребно е да достават потврда за регистрирана дејност како доказ дека се регистрирани како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение, согласно со прописите на земјата каде што е регистриран. Потребна е лиценца за Б за изведување градби од втора категорија, издадена од Министерството за транспорт и врски.
Компаниите кои ќе се пријават за градежни работи за изградба на објекти за рекреација, спорт, култура, одмор и ресторани, треба да достават и доказ, односно фактура дека поседуваат градежни машини за изведување на дејноста, меѓу нив камиони, грејдери, копачи и слични работни машини.
Јавното отворање на понудите е закажано за 27 јули годинава со почеток во 9 часот во просториите на општината. ам/мд/

Остани поврзан