• среда, 25 декември 2024

Куманово го продолжи рокот за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги

Куманово го продолжи рокот за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги
Куманово, 7 февруари 2022 (МИА) - Општина Куманово го продолжи рокот за поднесување барања за субвенционирање на трошоците за комунални услуги, соопштија денеска надлежните. Право да поднесат барања со краен рок до 7-ми март оваа година имаат самохраните родители, стечајците, згрижувачки семејства, деца без родители и родителска грижа, лицата кои примаат надоместок заради попреченост, лицата со попреченост, глуви, слепи лица, приматели на гарантирана парична помош. - Со оглед на зголемениот интерес на граѓаните на Општина Куманово за користење на мерката за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2022 година (која вклучува покривање на трошоци за потрошена вода за пиење до 900 денари, како и покривање на трошоци за изнесување на смет до 300 денари), Општина Куманово одлучи да го продолжи рокот за поднесување на барања за остварување на ова право, наведуваат од општината. Барањата можат да се подигнат во архивата на Општина Куманово, на портирница во зградата на поранешен АД „Козјак“ спроти градскиот стадион или во канцеларија број 17 - Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита. Барањата заедно со потребната документација се доставуваат до архива на Општина Куманово, најдоцна до 7-ми март оваа година. ам/ар/

Остани поврзан