Куманово ги награди најуспешните пожарникар и полицаец
- Најистакнат припадник од територијалната противпожарна единица Куманово е Даниел Гелевски, а за најуспешен полициски службеник во Полициска станица од општа надлежност – СВР Куманово, беше прогласен Денис Бошковски.

Куманово, 21 декември 2023 (МИА) - Општина Куманово денеска организираше традиционален прием за најуспешните пожарникар и полицаец.
Најистакнат припадник од територијалната противпожарна единица Куманово е Даниел Гелевски, а за најуспешен полициски службеник во Полициска станица од општа надлежност – СВР Куманово, беше прогласен Денис Бошковски.
Двајцата кажаа дека е оваа награда е мотив за уште поуспешно извршување на задачите. Тие се заблагодарија на нивните екипи и посочија дека успехот е заеднички.
Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, им додели пригодни награди на најистакнатите поединци и во име на Општината упати честитки, посакувајќи им успех и добро здравје во иднина. ам/дма/
Фото:Општина Куманово