• петок, 05 декември 2025

„Кулинарска едукативна работилница за деца и родители“ во организација на Асоцијација за детски дијабетес

„Кулинарска едукативна работилница за деца и родители“ во организација на Асоцијација за детски дијабетес

Скопје, 15 ноември 2025 (МИА) - По повод одбележување на Светскиот ден на дијабетесот - 14 Ноември, Баланс Мк - Асоцијација за детски дијабетес на Македонија организира „Кулинарска едукативна работилница за деца и родители“, на која децата со дијабетес сами ќе приготвуваат и дегустрираат храна (под надзор на родителите, едукатор и нуриционист) и воедно ќе учат како да бројат јаглехидрати.

Исто така, како што информираат организаторите, ќе добијат и информации за важноста од избор на здрава храна како и основи за нејзиниот нутритивен состав.

На овој настан ќе биде промовирина и првата работна тетратка за деца со дијабетес „Здраво и вкусно“ чии автори се Везире Старова - нутриционист и Наташа Д. Димитриевска - сертифициран дијабетес едукатор. Ова издание рецензентски е одобрено од стручни лица специјалисти педијатри ендокринолози. Децата на настанот ќе добијат примерок од оваа едукативна работна тетратка. сст/

Фото МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан