• среда, 27 ноември 2024

Кулеба: На НАТО му е потребна Украина како сојузник, а не како привилегиран партнер

Кулеба: На НАТО му е потребна Украина како сојузник, а не како привилегиран партнер

Киев, 14 јуни 2023 (МИА) – Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска телефонски разговараше со германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок за претстојниот самит на НАТО во јули во Вилнус и за членството на Украина во оваа организација.

„Позицијата на Украина е јасна: создавање совет НАТО-Украина без силен чекор кон членство е како обезбедување тенк без митралез. На НАТО му е потребна Украина како сојузник, а не само привилегиран партнер“, напиша Кулеба на Твитер.

Тој и се заблагодари на министерката Бербок за досегашната поддршка од Германија.

Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг денеска на прес-конференција во Брисел најави дека состанокот на министрите за одбрана на НАТО на 15 јуни ќе почне со состанок на Советот НАТО-Украина, на кој министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников и сојузниците од НАТО ќе разговараат за ситуацијата на теренот и за повеќегодишниот пакет за поддршка за Украина. сд/

Остани поврзан