• сабота, 23 ноември 2024

Кулеба: Или ОБСЕ ќе биде без Русија или ќе пропадне

Кулеба: Или ОБСЕ ќе биде без Русија или ќе пропадне
Киев, 4 јули 2022 (МИА) - Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) е во фаза на самоуништување и ќе пропадне, доколку Русија продолжи да биде дел од неа, смета министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба. - На нашиот континент има уште една голема и убава организација - ОБСЕ, што се наоѓа во фаза на самоуништување. Затоа што Русија е таму и уништува сè. Ако организацијата наоѓа логика во тоа, порано или подоцна ќе пропадне, изјави Кулеба во интервју за весникот „Лев брег“. Тој потсетува дека Киев веќе предложил Русија да биде исклучена од ОБСЕ, но „некои потчукнаа со прст по челото“. - Одберете, или ќе има ОБСЕ без Русија, или нема да има ОБСЕ, ќе пропадне, подвлече украинскиот министер. бд/сд/  

Остани поврзан