• вторник, 26 ноември 2024

Кубица ќе го замени Раиконен на Големата награда на Италија

Кубица ќе го замени Раиконен на Големата награда на Италија
Лондон, 8 септември 2021 (МИА) - Полскиот резервен пилот на Алфа Ромео, Роберт Кубица, кој претходно го замени Кими Раиконен на трката за ГН на Холандија, ќе го заземе неговото место и на трката од Формула 1 шампионатот што ќе се вози за Големата награда на Италија. Раиконен нема да може да учествува на трката, бидејќи неговиот тест за коронавирус сè уште не покажал негативен резултат. Вреди да се одбележи дека токму во Монца, Кубица го освои првиот подиум во Формула 1. Тоа се случи во 2006 година. За потсетување, полскиот пилот го освои 15.место минатиот викенд на холандското Гран при во Зандворт. Трката во Монца ќе се вози на 12 септември со почеток во 15 часот. зс/

Остани поврзан