Крмов во Свети Николе: Мобилизација против уставните измени
- Пратеникот од Левица Борислав Крмов беше во теренска посета на локалниот огранок во Свети Николе, каде со членството се дискутираа клучни теми и се координираа активностите на краток рок.

Скопје, 10 февруари 2023
Пратеникот од Левица Борислав Крмов беше во теренска посета на локалниот огранок во Свети Николе, каде со членството се дискутираа клучни теми и се координираа активностите на краток рок.
Влегувајќи во завршницата од великобугарските апетити за разнебитување на државата, кога пред нас е непосредното сплотување на широка коалиција за уставните измени, Левица излегува на терен помеѓу своето членство и македонскиот народ, за артикулација и припрема за одговор на оваа опасна насока во која се движиме.
Неизбежно, народот во Левица препознава автентичен сојузник за зачувувањето на државата и враќање на достоинството!
Левица
—————————————————————————————————————————
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.