• сабота, 23 ноември 2024

Критичната инфраструктура во Германија се соочува со проблеми поради глобалниот прекин на системите за ИТ

Критичната инфраструктура во Германија се соочува со проблеми поради глобалниот прекин на системите за ИТ

Берлин, 19 јули 2024 (МИА) - Критичната инфраструктура во Германија се соочува со проблеми поради глобалниот прекин на информатичката технологија предизвикан од проблем во фирмата за сајбер безбедност Crowdstrike, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на земјата.

Немаше знаци за сајбер напад, додаде портпаролот.

Дефиницијата на германската влада за критична инфраструктура ги опфаќа енергијата, транспортот и телекомуникациите. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан