• сабота, 23 ноември 2024

Критики за расизмот кон Френклин од „Чарли Браун“

Критики за расизмот кон Френклин од „Чарли Браун“
Лос Анџелес, 25 ноември 2020 (МИА) - Цртаниот филм „Ден на благодарноста кај Чарли Браун“ (A Charlie Brown Thanksgiving) на Чарлс Шулц, е анимирана класика од 1973 година која и денеска се репризира на овој познат американски празник. Но, сега, кога речиси цел свет е „закачен“ на интернет, полесно е да се слушнат луѓето кои укажуваат на една грешка што се промолкнала во овој цртан филм. „Годинава, повторно, во ’Ден на благодарноста кај Чарли Браун‘ мојот човек Френклин го валкаат како ѓаволче“, напиша Џејк Бејли, инаку познат американски рагбист. Имено, Френклин - единственото црнче во сцената со гозбата, седи сам на едната подолга страна на  масата, а спроти него има три бели деца и кучето Снупи. И други твитерџии укажаа на оваа грешка. Многумина се согласуваат дека денеска ова издвојување и своевидна изолација на Френклин би се сфатило како расизам, или во најмала рака - како некоректна илустрација на Денот на благодарноста.  си/сд/

Остани поврзан