• сабота, 23 ноември 2024

Крис Рок одбил да биде водител на „Оскарите“- тоа би било враќање на местото на злосторството

Крис Рок одбил да биде водител на „Оскарите“- тоа би било враќање на местото на злосторството

Феникс, 30 август 2022 (МИА) - При сценски настап во Феникс, Аризона, САД, во неделата вечер, комичарот Крис Рок откри дека од него било побарано да биде домаќин и на следните „Оскари“, но дека тој тоа го одбил, откако пред пет месеци на последното доделување на филмската награда „Оскар“ Вил Смит му упадна на сцената и му удри шлаканица поради шегата за фризурата на неговата сопруга Џејда Пинкет-Смит.

Според западните медиуми, Рок го споредил враќањето на „Оскарите“ со враќање на „местото на злосторството“... Повикувајќи се на судењето на О.Џ. Симпсон за наводно убиство во 90-тите, комичарот рекол дека враќањето на следното доделување би било како да ја замолите Никол Браун Симпсон „да се врати во ресторанот“ (сопругата на О.Џ. беше убиена со својот љубовник - помлад келнер во ресторан). Рок ја одбил поканата. Но, исто така, откри дека му била понудена реклама за Супербоул-финалето, заснована на немилиот настан - и тоа го одбил. - Тој (Вил Смит) е поголем од мене... Државата Невада нема да одобри борба меѓу мене и Вил Смит, се шегувал Рок. Американската Академија за филмски науки и уметност, инаку организатор на „Оскарите“, засега нема коментар за тврдењата на Рок.  си/сд/

Остани поврзан