• сабота, 06 декември 2025

Кристоф Биго нов специјален претставник на ЕУ на Блискиот Исток 

Кристоф Биго нов специјален претставник на ЕУ на Блискиот Исток 

Брисел, 20 мај 2025 (МИА) - Советот на ЕУ денеска го именува францускиот дипломат Кристоф Биго за нов специјален претставник на Европската Унија за мировниот процес на Блискиот Исток. 

Мандатот на Биго ќе биде да придонесе кон целта на ЕУ за постигнување праведен, траен и сеопфатен мир на Блискиот Исток врз основа на решение за две држави, при што државата Израел и демократската, одржлива, мирна и суверена палестинска држава ќе живеат една покрај друга во рамките на безбедни и признати граници и во нормални односи со своите соседи во согласност со релевантните резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации. 

Задачите на новиот Биго, меѓу другото, ќе биде да одржува блиски контакти со сите страни во мировниот процес, особено Израел и Палестинската самоуправа, релевантните политички актери и земјите од регионот, како и други релевантни земји, како и ООН и други релевантни меѓународни организации, како што се Лигата на арапските држави или Советот за соработка во Персискиот Залив. 

Биго ќе ја преземе својата нова должност на 2 јуни 2025 година, со мандат од 12 месеци. Тој е експерт за Блискиот Исток и Северна Африка и дипломат со богато искуство. 

Меѓу другото, тој бил директор за Африка и Индиски Океан во француското Министерство за надворешни и европски работи и директор за стратегија на Француската агенција за надворешно разузнавање (ДГСЕ). Помеѓу 2009 и 2013 година, бил француски амбасадор во Израел, а од 2016 до 2019 година и во Сенегал и Гамбија. Баго работел за Обединетите нации, УНЕСКО и други меѓународни организации. сп/ 

Фото: Принтскрин 

Остани поврзан