• петок, 05 декември 2025

Кристијан Хорнер ги отфрли тврдењата на Џорџ Расел дека Макс Верстапен е во преговори со Мерцедес

Кристијан Хорнер ги отфрли тврдењата на Џорџ Расел дека Макс Верстапен е во преговори со Мерцедес

Шпилберг, 29 јуни 2025 (МИА) - Шефот на тимот на Ред Бул Рејсинг, Кристијан Хорнер, изјави дека тврдењето на Џорџ Расел дека Макс Верстапен е во преговори со Мерцедес доаѓа во време на фрустрација што не му е понуден нов договор.

Договорот на Расел истекува на крајот од сезоната и тој наговести пред Гран При на Австрија овој викенд дека продолжувањето е одложено поради „тековните“ разговори на Мерцедес со четирикратниот светски шампион Верстапен.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, е обожавател на Верстапен и призна дека ја истражува можноста да го доведе возачот на Ред Бул.

Договорот на Верстапен важи уште три сезони, иако клаузулите за перформанси во неговиот тековен договор би можеле да доведат до предвремено заминување.

Одговарајќи за прв пат на тврдењата на Расел и Волф, шефот на тимот Хорнер изјави: Има многу врева и Макс е доста вознемирен од тоа. Бевме многу јасни во врска со договорот што го имаме со Макс, кој важи до 2028 година. Сè што е кажано е целосно шпекулативно и не сме склони да му обрнуваме премногу внимание. Слушајте, можам да замислам дека Џорџ е разочаран што сè уште не му е понуден договор, но тоа е меѓу него и неговиот тим. Ситуацијата со Макс е таму каде што знаеме каде сме и Макс знае каде сме ние, а сè друго е предмет на шпекулации“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан