Кристалина Георгиева: Коронавирусот ја става во опасност глобалната економија
- Епидемијата на новиот коронавирус го загрозува обновувањето на глобалната економија, која е веќе кревка, предупреди денеска директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Геор

Ријад, 23 февруари 2020 (МИА) - Епидемијата на новиот коронавирус го загрозува обновувањето на глобалната економија, која е веќе кревка, предупреди денеска директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.
Таа ја даде својата изјава во Ријад, по завршувањето на дводневната средба на министрите за финансии и на гувернерите на централните банки од земјите на Г-20.
- Вирусот Ковид-19, кој претставува светска здравствена вонредна состојба, ја наруши економската активност во Кина и може да го загрози обновувањето, истакна Георгиева. гт/