• петок, 26 јули 2024

Кризен штаб Неготино бара поинтензивна поддршка од воздух за гаснење на пожарот на Серта 

Кризен штаб Неготино бара поинтензивна поддршка од воздух за гаснење на пожарот на Серта 

Неготино, 17 јули 2024 (МИА) - Кризен штаб Неготино бара поинтензивна поддршка од воздух за гаснење на пожарот на Серта, информираа вечерва од Штабот.  

- Имајќи предвид дека во текот на денешниот ден изостана најавената масовна поддршка од воздухоплови при гаснењето на пожарот на Серта од неготинска страна, Кризниот штаб на вечерашниот состанок заклучи да се апелира до надлежните институции утре да се обезбеди ветената поддршка. Ова од причина што денеска од воздух интервенираа 2 хеликоптери во краток временски интервал, недоволно за остварување на посакуваните ефекти, соопштија од Штабот. 

Уште повеќе, нагласија, што станува збор за крајно непристапен терен каде не може да се интервенира со луѓе и механизација, туку може да се дејствува само од воздух.

- Кризниот штаб има разбирање за актуелната состојба со пожарите кои се присутни во цела Македонија, знае дека ситуацијата се менува од час во час и приоритетите се утврдуваат во зависност од проценките на стручни лица, но сепак апелира и очекува во текот на утрешниот ден присуство на авиони, ер трактори и хеликоптери во гаснењето на пожарот од неготинска страна, подвлекоа од Кризен штаб Неготино. свд/цр

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан