• понеделник, 23 декември 2024

Кривични пријави за три лица од Подградец кои шверцувале разни производи од македонска територија

Кривични пријави за три лица од Подградец кои шверцувале разни производи од македонска територија

Тирана, 5 август 2024 (МИА) - Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца жители на општина Подградец, поради шверц на разна стока од македонска на албанска територија.

- Кривични пријави се поднесени против Ј.Д.(43), М.Ч. (38) и Е.Б.(28) кај кои полицијата  пронајде прехрамбени производи, нафта и друга стока  прошверцувани од Северна Македонија, стои во полициското соопштение.

Според полицијата,  кај лицето Ј.Д. жител на село Мемелишта, Поградец, при претрес во неговото возило и во перална за возила, која ја користел, пронајдени се прехранбени производи.

Кај останатите две лица жители на селото Удениш, Подградец, во возила, во нивна сопственост, била пронајдена поголема количина нафта и друга стока.

Шверцуваната стока е одземена како материјален доказ. вт/дма/

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан