• петок, 05 декември 2025

Кривична против скопски полицаец, осомничен за несовесно работење во службата

Кривична против скопски полицаец, осомничен за несовесно работење во службата

Скопје, 1 септември 2025 (МИА) - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Скопје поднесе кривична пријава против Д.С., на работно место полицаец во ПС - Чаир при СВР - Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од КЗ, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Пријавениот полициски службеник како службено лице во просториите на Одделението за управни работи - Скопје, се потпишал и подигнал 11 лични карти и список-извештај за скенирани лични карти за лица кои живеат на станично подрачје на ПО - Мирковци во општина Чучер Сандево, по што со пропуштање на должен надзор над преземените лични карти, пријавениот не ги доставил во ПО - Мирковци за понатаму граѓаните да ги подигнат, ниту пак пријавил дека личните карти недостасуваат, со што на граѓаните им е причинета материјална штета и им го ограничил правото за користење, како и за навремено изготвување и подигање на личните карти, појаснија од МВР.

Како што истакнаа, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муниција и да се отстрани од работното место - суспендира до завршување на дисциплинската постапка. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан