• вторник, 24 декември 2024

Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана

Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана

Скопје, 17 мај 2024 (МИА) - Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единица за недозволена трговија со дрога денеска до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднел кривична пријава против три лица од Кавадарци и Неготино, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори” по член 215 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР,  во периодот од јануари до април 2024 година лицата се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на марихуана и кокаин и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба на дрога.

-За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување обезбедени се материјални докази и утврдено е дека во наведениот период пријавените пуштиле во промет поголема количина на кокаин и марихуана. Лицата ќе бидат спроведени пред судија за претходна постапка, се наведува во соопштението. дма/

Фото: МВР 

Остани поврзан