• понеделник, 23 декември 2024

Кривична пријава против три лица поради неовластена продажба и пуштање во промет на кокаин

Кривична пријава против три лица поради неовластена продажба и пуштање во промет на кокаин

Скопје,18 ноември 2024 (МИА) - Од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единица за недозволена трговија со дрога денеска до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) е поднесена кривична пријава против три лица: Б.С. (28) и М.С. (35), двајцата од Гостивар, како и против едно лице со засега неутврден идентитет поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. 

Како што соопшти МВР, пријавените во период од декември минатата година до ноември оваа година се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога кокаин и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба на посочената наркотична дрога. За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување, обезбедени се голем број на материјални докази и утврдено е дека за време на наведениот период пријавените пуштиле во промет поголема количина од оваа наркотична дрога.

- Соодветните организациони единици при МВР продолжуваат со преземањето на мерките и активностите во насока на утврдување на идентитетот на едното од пријавените лица, се наведува во соопштението од МВР. мд/сст/

Фото: МИА архива 

 

 

 

Остани поврзан