• сабота, 23 ноември 2024

Кривична пријава против пет лица осомничени за сторени 28 кривични дела

Кривична пријава против пет лица осомничени за сторени 28 кривични дела
Скопје, 13 април 2022 (МИА) - СВР Скопје поднесе кривична пријава против пет лица и тоа Е.З.(50) од Битола, С.Д.(30), С.Д.(28), Ф.А.(37) и О.А.(36) сите од Скопје, осомничени за сторени 28 кривични дела, од кои 12  „тешка кражба“, по две „уништување или оштетување јавни инсталации“ и помагање при „прикривање“ и по едно кривично дело „кражба“ и „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство“. По претходен меѓусебен договор меѓу пријавените, во периодот од 10.06.2021 до 09.07.2021 на повеќе различни локации, информираа денеска од МВР, првопријавениот со употреба на физичка сила ја отварал шахтата (кабловско окно), сопственост на телекомуникациска компанија, а потоа со бонсек ги сечеле бакарните кабли, ги одземале и ги товарале во возило, со што причиниле материјална штета од 2.149.919 денари.  цр/дма/

Остани поврзан