• среда, 25 декември 2024

Кривична пријава против двајца управители во ДТТУ „Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз

Кривична пријава против двајца управители во ДТТУ „Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз
Скопје, 5 октомври 2021 (МИА) - Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две физички лица во својство на управители во правниот субјект ДТТУ „Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз. Пријавените во својство на управители во правниот субјект ДТТУ „Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз, во текот на 2017 година свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и правниот субјект „Радика Ресорт“ ДООЕЛ, во својство на инвеститори, без да обезбедат одобрение за градење и да платат комуналии, противправно започнале и извеле градежни активности – изградба на девет нови објекти во функција на депанданси на хотел Радика, спротивно на член 57 од Законот за градење. - И покрај извршениот инспекциски надзор и донесениот записник од страна на Одделението за инспекциски надзор при Општина Маврово и Ростуше за запирање на изградбата, пријавените преку правно лице ДТТУ “Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз (инвеститор) продолжиле со градежните активности на бесправно изградени објекти, при што извеле изградба на девет нови објекти во функција на депанданси на хотел Радика, појаснуваат во денешното соопштение од Управата за финансиска полиција. цр/са/

Остани поврзан